Terms and conditions
Ве молиме внимателно прочитајте ги Условите за користење. Со користење и посета на страниците на www.monosarmoury.com и нивната содржина, се подразбира дека свесно ја прифаќате истата, како и сите последователни промени, без претходна најава и известување. Доколку не ги прифаќате овие услови на користење без ограничувања, Ве молиме да не ја користите нашата интернет страница.
Вие како корисник се обврзани да ги прочитате Условите за користење, а вашата посета / користење на страницата се смета за целосно прифатена. Не користете ги услугите на начин на кој некој може да биде повреден или материјално оштетен. За сите производи понудени на сајтот постои објавена слика и основен опис на производот. Овие услови го регулираат процесот на нарачување, плаќање и испорака на производи што се продаваат преку нашиот онлајн продавач.
1. Контакт
МОНОС ДОО Скопје
телефон: +389 (0) 78 804 353
Работно време: 05:00 – 20:00 часот
E-mail адреса: monosarmoury@gmail.com; monosmk.sales@gmail.com
2. Општи правила и услови за користење на www.monosarmoury.com
Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на web страницата се приложуваат такви какви што се. За да се користи www.monosarmoury.com купувачот мора да има пристап до интернет директно или преку некој друг уред кој има пристап до интернет. www.monosarmoury.com не презема никаква одговорност за нарушувањата или техничките проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кој ја попречува употребата на web страницата.
3. Референци
Производите се нарачуваат со избирање, со користење на менито „кошничка“ и пополнување на електронски формулар. Ако нарачаниот производ не сме во можност да ви го доставиме, ќе бидете контактирани во најкраток можен рок и во договор со вас ќе ви биде понудена замена или ние ќе го отстраниме производот од вашата кошничка во договор со вас. Вашата моментална нарачка е прикажана на страната Мој Профил. Оваа страна покажува детални информации за препаратот, количината и цената. Сите производи што сте одлучиле да ги купите се наоѓаат на страна наречена „кошничка“.
4. Испорака
За потрошувачите од цела Македонија, доставата е бесплатна за сите нарачки над 2000 денари, а за нарачките со пониска вредност, испораката чини 150 денари до База или 200 денари до адреса (исклучиво во реон на град). Според правилникот на Карго Експрес немаме можност за достава надвор од градовите. Нарачаните / Купените производи ги испорачуваме преку курирска служба со која имаме договор за деловна соработка, на начин како што е дефиниран на страната. Нарачките комплетирани пред 13 часот ги испраќаме истиот ден (во работни денови). Нарачките направени после 13 часот ги испраќаме следниот работен ден. Исклучоци од ова правило се празници и неработни денови. МОНОС ДОО Скопје не презема одговорност во случај на задоцнување во испораката поради неточна или нецелосна адреса, виша сила или сообраќајни проблеми. Испорака на роба е можна само на територија на Македонија, на адреса наведена во нарачката.
5. Одговорност на корисникот при регистрирање
Кога се користи web страницата, корисникот е должен да обезбеди точни и прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација или/и нарачка. Доколку се дадат погрешни, лажни или нецелосни информации, www.monosarmoury.com го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.
6. Купување на производ од www.monosarmoury.com
Купувачот има можност за купување производ од големиот асортиман на www.monosarmoury.com. Кога се прави нарачка купувачот може да одбере производ(и) и количина според можностите на web страницата, исто така може да го смени производот во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето односно нарачката.
7. Плаќање на производот
Сите цени во овој webshop се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.
Плаќањето на производите се врши со:
- кредитна/дебитна картичка,
- во готово, на врата, при преземање на пакетот од курирската служба што ја врши доставата.
8. Информации за производот
Информациите за производите понудени на веб страната се преземаат од декларацијата за поединечни производи, прирачници за внатрешен производ или преземени од материјали (брошури, летоци, веб-страници) кои ги уредува производителот, увозникот или снабдувачот на одреден производ. Ние се стремиме да обезбедиме што е можно попрецизни и подетални информации за одреден производ. Го задржуваме правото на грешка во описот или фотографијата на секој производ.
Откако ќе купите било кој производ од оваа веб-страна, препорачуваме внимателно да ги прочитате упатствата на производителот и да ги употребувате производите онака како што е назначено во приложеното упатство.
9. Изјава за безбедност
МОНОС ДОО Скопје е обврзана да не злоупотребува лични информации од формуларот за нарачка. Личните податоци се сметаат за сите податоци што го идентификуваат идентитетот на купувачот (на пример, име и презиме, адреса за е-пошта, адреса на живеење итн.). МОНОС ДОО Скопје нема да обезбеди или открие информации за клиентите на трети лица.
10. Безбедност на податоците
Сите информации за клиентите се строго чувани и достапни само на вработените на кои им се потребни овие информации за да ги извршуваат своите активности. Сите вработени во МОНОС ДОО Скопје и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста.
МОНОС ДОО Скопје е посветена на обезбедување на заштита на личните податоци на корисникот на начин што собира само основни информации за клиентите кои се неопходни за исполнување на обврските.
Во случај на промена на некој од личните податоци (на пример: местото на живеење, адресата за испорака) која е регистрирана при регистрација, купувачот е должен да ја извести МОНОС ДОО Скопје за секоја промена.
11. Други услови
Условите за продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. МОНОС ДОО Скопје / www.monosarmoury.com го задржува правото да не испорачува производи врз основа на нарачки со нецелосни и/или неточни информации/податоци.
Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) МОНОС ДОО Скопје своите ценети потрошувачи кои купуваат роба преку интернет сајтот www.monosarmoury.com ги известува дека:
- продажбата преку интернет страница www.monosarmoury.com се извршува во рамките на регистрирана дејност на МОНОС ДОО Скопје. Адреса за пријавување на рекламација е monosmk.sales@gmail.com;
- купувачи можат да бидат физички и правни лица; дека основните обележја на производите можат да се најдат на интернет страницата www.monosarmoury.com;
- по Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) купување преку наша продажна интернет страница www.monosarmoury.com се смета за продажба на далечина;
- производите, кои се продаваат на интернет страницата www.monosarmoury.com поседуваат својства потребни за редовна употреба на тој вид на производите во согласност со нивната намена која е дефинирана во Декларацијата;
- продажна цена на производите е назначена на секој артикал;
- сите цени се изразени без ДДВ затоа што МОНОС ДОО Скопје не е ДДВ обврзник;
- купените производи ги испорачуваме најдоцна во рок од 48 часа по пат на курирска служба;
- можноста за купување на производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите кои се објавени на интернет страницата www.monosarmoury.com;
- купувачот при креирање на нарачката, со притискање на копчето ПОТВРДИ презема одговорност за плаќање на нарачаните производи;
- соодветноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува по својствата и намената на производите како што е тоа дефинирано на Декларацијата која им припаѓа;
- интернет продавницата www.monosarmoury.com е должна да ги испорача производите кои се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи. Сите трошоци кои се неопходни за производите да бидат соодветни со договорот, а посебно трошоци на работење, материјал,
преземање и испорака, ги сноси интернет продавницата www.monosarmoury.com; - доколку во случај на прием на производите, ако купувачот истите не сака да ги задржи, има право на откажување од договорот и поврат на средства во висина на платената купопродажна цена за предметните производи (со исклучок на членот 96 од Законот за заштита на
потрошувачи); - за производите кои се порачани по пат на интернет продавницата купувачот има право да изјави рекламација на веќе користен производ, на начин кој е дефиниран за производите купени по пат на интернет продавница. Начин и постапка на изјавување можете да ја најдете на страната за рекламации.
Newsletter, Viber и SMS
Во случај на купување и регистрација преку нашата веб-страница, МОНОС ДОО Скопје нуди можност за примање на е-пошта, СМС и viber промотивни пораки, како и членство во програми за лојалност за дополнителни придобивки.
Во случај да се претплатите на една од понудените опции, ние ќе Ве информираме за нашите производи, новости, тековни понуди и промоции, презентации, саеми и други настани што ги организираме.
Само во случај да се претплатите на една од понудените опции, ние ќе ги користиме Вашите лични податоци за да Ви испратиме билтени, промотивни пораки на Вибер, како и известување преку е-пошта, смс и sms viber.
Податоци за трговецот
МОНОС ДОО Скопје
Адреса: Мегленска 18А, 1000 Скопје
ЕМБС: 7860897
ДБ: 4058025552191
Тел: +389 (0) 78 804 353
e-mail: monosmk.sales@gmail.com
Одговорно лице: Жарко Батиќ